Автор: Општина Кавадарци

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Бриони”

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Бриони”

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, Глава IV, точка 29, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Бриони” КО Кавадарци вон град, Општина Кавадарци.

 

       Граници на планскиот опфат се :

– од северната страна, границата на опфат минува по оската на сервисната улица „Дисанска”.

– на источната страна, границата на опфат се граничи со границата на наменска зона по ГУП (спорт и рекреација).

– на југ – граница на контактна зона

 –  западната  граница  на  опфатот  се  граничи  со  пешачката  улица  за  влез  во градски парк

 

Површината на планскиот опфат изнесува 1,1 ха.

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Бриони” КО Кавадарци вон град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 28.12.2020 до 14.01.2021  година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  30.12.2020  година (Среда) во 13.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за             Детален урбанистички план за УЕ 12, дел од Блок 12.1, ,,Бриони” КО Кавадарци вон град, Општина Кавадарци ќе се одржи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

 

НОВ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

НОВ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

Деновиве градежната оператива на фирмата „Павер трејд“ од Кавадарци работи на пробивање на тротоар на улицата „Западен булевар“ наспроти Градските гробишта.

Според проектот на општината Кавадарци вчера и денеска се оформува површината на идниот тротоар и се поставуваат рабници. Тротоарот се наоѓа на десната страна од коловозот на потегот од новопробиенета траса до спојот со улицата „Вишешница“ во правец на спортската сала „Јасмин“.

Наредните денови ќе уследи тампонирање и поплочување со бехаток коцки.

Во оваа фаза паралелно се работи и на ровот за подземната нисконапонска мрежа од Јавното улчично осветлување. На оваа делница ќе се постават седум метални столбови со осум ЛЕД светилки.

Општината со овој проект уредува значајна сообраќајница со која се намалува сообраќајната оптовареност на „Ресавска“ и околните улици. Воедно ја подобрува и безбедноста во сообраќајот на западниот влез во градот од правец на Прилеп.

Заврши изградбата на велосипедско-пешачката патека од с.Ваташа до Моклиште

Заврши изградбата на велосипедско-пешачката патека од с.Ваташа до Моклиште

Од денеска кавадарчани и официјално можат да уживаат и да рекреираат. Велосипедско пешачката патека с.Ваташа-моклишка воденица е во фунцкија.
По должина на целата патека има вкупно 5 попатните станици-одморалишта целосно уредени и оплеменети со урбана опрема. Денеска триесетина минути по оваа патека пешачеа градоначалникот Митко Јанчев, министрите за локална самоуправа и за земјоделство и директорот на АФПЗРР и претставници на здруженија на граѓани.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ВУКО КАРОВ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ВУКО КАРОВ“

Кавадарци добива уште една урбанизирана улица. Во населбата „Парк“ над градскиот стадион опертативата на фирмата „Градба промет“  реализира проект Јавна набавка поплочување на улицата „Вуко Каров“.

Според проектот на општината се вршат градежни работи на делницата од спојот со илицата „Дисанска“ до околните индивидуални станбени објекти.  Се поплочува површина од 600 метри квадратни со поставуваат бехатон коцки.

Претходно беше извршено порамнување на трасата, поставување на рабници и тампонирање.

АСФАЛТИРАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА  „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

АСФАЛТИРАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

Завршена е реализацијата на уште еден комунален проект на општината. Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци изврши асфалтирање на кратка делница од улицата „Наќо Лазовски“.

Според проектот се ревитализираше делот од спојот со улицата „Димката Ангелов-Габерот“ до спојот со задниот двор на ООУ „Тошо Велко-Пепето“ во Кавадарци.

Претходно на истата делница беа поставени нови рабници на едната страна од коловозот и беше изгребан и отстранет стариот дотраен и оштетен асфалт.

Со овој проект општината обезбеди обновен и побезбеден  пристап на учениците.