Автор: Општина Кавадарци

ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

Делницата од новопробиенета траса на улицата „Западен булевар“ кај кривината на „Градските гробишта“ се доурбанизира.

Деновиве градежната оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци работи на поплочување на тротоарот од двете страни на улицата.

Со овој проект општината уредува значајна сообраќајница со која се намалува преголемата сообраќајна оптовареност на „Ресавска“ и околните улици, а воедно се подобрува и безбедноста во сообраќајот на тој дел од градот.

Асфалтирање на дел од улицата „Индустриска“

Асфалтирање на дел од улицата „Индустриска“

Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци изврши асфалтирање на дел од улицата „Индустриска“ во кругот на поранешниот дрвен комбинат„Страшо Пинџур“.
Според проектот денес започна поставувањето асфалтот на делницата од 900 метри поредвидена за ревитализација.
Претходно беше спроведено отстранувањето на стариот оштетен асфалт, поставување на рабници и тампонирање.
Општината е финансиер на проектот со кој се подобрува патната инфраструктура во една од индустриските зони на градот, каде работат значаен број на фирми од малото стопанство.

 

Во функција е портата на регионалниот пат Кавадарци-Неготино

Во функција е портата на регионалниот пат Кавадарци-Неготино

Вработените во Информатичкиот оддел на Општина Кавадрци денес ги ставија во функција видео панелите на првиот од вкупно трите портали на влезовите во градот. Во функција е портата на регионалниот пат Кавадарци-Неготино.
Според проектот на Општина Кавадарци на видео екраните ќе се испишуваат сервисни информации од корист на возачите, а истите ќе бидат управувани и уредувани делечински од контролната соба на повикувачкиот центар во општинската зграда.
Се работи за метална конструкција со широчина од 11 метри во основата и 10 метри во горниот дел кој е висок 5 метри. На горниот дел од двете страни се поставени видео панели долги осум а високи еден метар.
Втората „порта“ е монтирана на локација под поранешен „Југокомерц“ на влезот од правецот на Прилеп. Третата порта е на локацијата кај „Велком трејд“ на регионалниот пат Кавадарци-Росоман.

ОБЈАВА број  02/2020 за давање во закуп на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ОБЈАВА број 02/2020 за давање во закуп на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и 275/19), Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.13453/2 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5608/12 од 28.10.2020 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.64/20), Извештај за процена на недвижен имот изработен од АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје  со бр.306 од 16.10.2020 година и наш деловоден бр.19-1318/50 од 19.10.2020 година, Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.1243 КО Раец во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5902/5 од 13.11.2020 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.65/20), Извештај за процена на недвижен имот, изработен од АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје со бр.345 од 28.10.2020 година и наш деловоден бр.19-1318/55 од 29.10.2020 година,  Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.527 КО Крњево во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5902/6 од 13.11.2020 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.65/20), и Извештај за процена на недвижен имот, изработен од АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје со бр.346 од 28.10.2020 година и наш деловоден бр.19-1318/56 од 29.10.2020 година,  Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

 

ОБЈАВА број  02/2020

за давање во закуп на недвижни ствари по пат на

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

            Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари–објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се даваат во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.13453/2 КО Кавадарци во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5608/12 од 28.10.2020 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.64/20), Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.1243 КО Раец во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5902/5 од 13.11.2020 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.65/20) и Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.527 КО Крњево во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-5902/6 од 13.11.2020 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.65/20).

 

2.ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНИТЕ СТВАРИ – ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ДАВААТ ВО ЗАКУП

            Предмет на закуп се недвижни ствари–објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се наоѓаат на кп.бр.13453/2 КО Кавадарци запишани во Имотен лист бр.15775,  кп.бр.1243 КО Раец запишани во Имотен лист бр.269, кп.бр.527 КО Крњево запишани во Имотен лист бр. 112  и тоа:

Повеќе

Онлајн дискусија и работилница на тема ” Дефинирање на индикатори за ризиците од корупција во јавните набавки на јавните претпријатија

Онлајн дискусија и работилница на тема ” Дефинирање на индикатори за ризиците од корупција во јавните набавки на јавните претпријатија

Денес беше одржана онлајн дискусија и работилница на тема ” Дефинирање на индикатори за ризиците од корупција во јавните набавки на јавните претпријатија”.
Настанот се организираше во рамките на проектот “Кон отчетни јавни претпријатија” кој се спроведува од страна на Центарот за граѓански комуникации со финансиска помош од Кралството на Холандија.
Проектот предвидува градење на капацитети за борбата против корупција на 40 претпријатија основани од Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга.