Автор: Општина Кавадарци

ЕСЕНСКО ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ

ЕСЕНСКО ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ

Општината преку ЈП „Комуналец“ организациона единица „Паркови и зеленило, започна со акцијата за есенско хортикултурно уредување на зелените површини во градот.

Денеска се садеа љубичици во жардинерите на градскиот плоштад.

Според проектот во наредните денови на шест локации ќе бидат посадени вкупно 5.000 корени од ова украсно растение.

Асфалтирање на новиот пробиен дел на Западен булевар

Асфалтирање на новиот пробиен дел на Западен булевар

Оперативата на фирмата „Градба промет“ денес продолжи со асфалтирање на новиот пробиен дел на Западен булевар на потегот од разделувањето до спојот со ул.„Ѓоре Брушански“ кај „Кавадаречки дол“.
Во оваа кампања се работи на доасфалтирање на деловите каде улицата се дели на два крака.
Претходно општината на оваа делница ја реконструираше старатa подземна инфраструктура на водовод и канализација (фекална и атмосферска). Се посатавија и целосно нови линии, по што следеше асфалтирање.
Урбанизацијата се заокружи со поставување на нова линија од системот на јавно улично осветлување на високи метални столбови со еколошки и штедливи ЛЕД светилки.

Реконструкција на водоводни линии и и атмосферска канализација во с.Сопот

Реконструкција на водоводни линии и и атмосферска канализација во с.Сопот

Се врши асфалтирање на ровови во с.Сопот по извршена реконструкција на водоводни линии и и атмосферска канализација. Со денешните активности целосно се завршува овој проект со финансиска вредност од 18 милиони денари.

Набавка на асистивна технологија за ученици со посебни образовни потреби

Набавка на асистивна технологија за ученици со посебни образовни потреби

Општина Кавадарци го спроведува под-проектот,, Набавка на асистивна технологија за ученици со посебни образовни потреби”, кој што се реализира во рамките на проектот,,Зајакнување на општинските совети”, а се спроведува од страна Канцеларијата на Обединетите Нации во Скопје.
Во рамките на овој проект е предвидено да се набави Асистивна технологија наменета за лицата со посебни образовни потреби, која што ќе им помогне да ги надминат (методолошките)недостатоци при учењето во училницата, со што ќе им се овозможи на овие ученици да работат со своите силни страни и зачувани капацитети, а ќе се минимизираат нивните недостатоци. Проектот е во завршна фаза, и се очекува да заврши кон крајот на месец Ноевмри 2020 година.
Асистивната технологија е наменета за ООУ,,Страшо Пинџур,, Кавадарци, за учениците во посебните паралелки во кои се реализира воспитно-образовниот процес на ученици со развојни проблеми и посебни образовни потреби.

 

СПОЕНА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД МИНОРНОТО КОРИТО НА ЛУДА МАРА ОД КЕЈОТ ШЕТАЛИШТЕ

СПОЕНА ПОСЛЕДНАТА ДЕЛНИЦА ОД МИНОРНОТО КОРИТО НА ЛУДА МАРА ОД КЕЈОТ ШЕТАЛИШТЕ

Деновиве заврши изградбата на минор коритото на реката Луда Мара, на последната делницата од кејот во должина од 680 метри. Ангажираната оператива на фирмата „Цвет компани“ од Скопје вгради обработен камен на дното и на страните од основното корито на реката. Со изградбата на ова делница се спои кејот-шетелиште Ваташа со делот во Кавадарци кај мостот „Слога“.

Од оваа последна фаза од изградбата на кејот-шеталиште треба да се доизгардат патеките на двата брега. Во завршната фаза ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема.

Финансиската конструкција за овој проект изнесува 21.500.000 денари. Парите се обезбедени преку Бирото за развој на Вардарскиот плански регион и буџетот на Општина Кавадарци.

Урбанизираниот кеј ќе се протегот од улицата „Страшо Пинџур“ кај мостот на излезот од Ваташа на југ, до мостот „Белка“ кај Булеварот „Видое Смилевски“ на север.

Со реализацијата на петтата фаза од изградбата на кејот-шеталиште, општината Кавадарци  ќе регулира три километри од коритото на реката Луда Мара.