Автор: Општина Кавадарци

ОБНОВЕН ПОКРИВОТ НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО ВОЗАРЦИ

ОБНОВЕН ПОКРИВОТ НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО ВОЗАРЦИ

Објектот на детската градинка „Ѕвончица“ во с.Возарци деновиве доби целосно реконструиран покрив. Општината ги обезбеди средствата преку Јавниот повик од Владата.

Со овие пари се изврши демонтажа на старите лесонитни табли, а на нивно место е поставен пластифициран лим на површина од 270 квадратни метри. Изведувач на работите беше фирмата „МЗТ-инжинеринг“ од Битола.

Градинката во Возарци има капацитет за прифаќање на 25 до 30 деца. На површина од осумдесеттина квадратни метри располага со занимална, просторија за персоналот, чајна кујна и санитарен јазол. Преостанатиот простор од објектот ја има функцијата на амбуланта.

Овој проект општината го реализира на барање на жителите од Возарци. Станува збор за преадаптација на поранешниот објект на амбулантата, кој сега со реконструкцијата е двонаменски.

Со преадаптрацијата општината обезбеди подобри услови за жителите во згрижувањето на децата од предучилишната возраст, како и во примарното здравство.

Објектот кој беше предаден во употреба минатат година уште повеќе го подигна и онака добриот стандар на живеење во оваа урбана средина.

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ИНДУСТРИЈСКА“

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ИНДУСТРИЈСКА“

Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци работи на отстранување на стариот и достарен асфалт на дел од улицата „Индустријска“ во кругот на поранешниот Дрвен комбинат„Страшо Пинџур“.

Според роектот на делницата поредвидена за ревитализација покрај отстранувањето на стариот асфалт че уследи поставување на рабници, тампонирање и асфалтирање.

Општината е финансиер на проектот со кој се подобрува патната инфраструктура во една од индустријските зони на градот, каде работат значаен број на фирми од малото стопанство.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПЕШАЧКА ПАТЕКА  НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПЕШАЧКА ПАТЕКА НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

Нова пешачка патека со површина од 300 квадратни метри се гради на улицата „Бел камен“ во истоимената населба. Деновиве се поставуваат рабници со кои се формираат контурите на патеката, по што ќе следи поставување на бехатон коцки.

Изведувач на работите е фирмата „АС машини“ од Кавадарци.

Општината ја гради патеката на барање на жителите од тој дел на градот.

ПОРТАЛИ ЗА СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ НА ВЛЕЗОВИТЕ ВО КАВАДАРЦИ

ПОРТАЛИ ЗА СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ НА ВЛЕЗОВИТЕ ВО КАВАДАРЦИ

Оперативата на ангажираната фирма „Метал Апостолов“ од Кавадарци, денсека изврши монтажа на вториот од вкупно трите предвидени портали „порта“ на влезовите во градот.

 Се работи за метална конструкција со широчина од 11 метри во основата и 10 метри во горниот дел кој е висок 5 метри. На горниот дел од двете страни се поставени видео панели  долги осум а високи еден метар.

Втората „порта“ е монтирана на  локација под поранешен „Југокомерц“ на влезот од правецот на Прилеп. Претходно општината постави иста ваква конструкција  кај локацијата „Три багрема“ на регионалниот пат Кавадарци-Неготино. Третата порта ќе се монтира на почетокот од идната недела на регионалниот пат Кавадарци-Росоман.

Според проектот на Општина Кавадарци на видео екраните ќе се испишуваат сервисни информации од корист на возачите, а истите ќе бидат управувани и уредувани делечински од контроланата соба на повикувачкиот центар во општинската зграда.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПРОСТОР ПРЕД ЗГРАДА НА УЛИЦАТА „ИГМАН“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПРОСТОР ПРЕД ЗГРАДА НА УЛИЦАТА „ИГМАН“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „АС Машини“ деновиве го реализира комуналниот проект за поплочување на просторот пред колективна станбена зграда на улицата „Игман“.

Според проектот со поставување на павер елементи се поплочува површина од 200 метри квадратни. Претходно, просторот  се расчисти и подгови за поплочување.

Проектот е на барање на жителите, а се реализира со средства од општинскиот буџет наменети за комунална изградба.

Со поплочувањето станарите на зградта и околните куќи ќе добијат урбанизиран простор.