Автор: Општина Кавадарци

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДЕЛНИЦА ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ВО БОШАВИЈАТА

ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДЕЛНИЦА ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ВО БОШАВИЈАТА

Ангажираната оператива на Агенцијата за патишта денеска завршува со реализација на проектот за асфалтирање на делница од регионалниот пат Демир Капија-Мушов гроб.

Се работи за асфалтирање на 850 должни метри со широчина на коловозот од 4 метри, на дел од патот кој ги поврзува селата Долна Бошава со Горна Бошава.

Согласно проектот асфалтна подлога се посатви на излезот од селото Долна Бошава до спојот со бехатон плочите на влезот под село Горна Бошава.

Сега од Кавадарци до Горна Бошава се патува по целосно асфалтиран пат кој овозможува побрза и побезбедна комуникација како за жителите, така и за стопанските субјекти од тој регион.

Со реализацијата на овој проект значајно се подобри сообраќајната инфраструктура на територијата на општина Кавадарци во комуникација со селата од подкожувјето.

Во наредниот период останува да се асфалтираат преостанатите 5 километри од овој регионален пат помеѓу селата Горна Бошава и Конопиште со што општината ќе ја заокружи ревитализацијата локалната и регионалната патна инфраструктура на нејзината територија.

Јавно извлекување за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година

Јавно извлекување за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година

На ден 22.10.2020 година со почеток во 17:00 часот во просториите на Општинската Сала во зградата на Општина Кавадарци, ќе се одржи ЈАВНО ИЗВЛЕКУВАЊЕ за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година.

Поради почитување на мерките за заштита на населението од Ковид 19 присуството на поднестелите на барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година  при спроведување на ЈАВНОТО ИЗВЛЕКУВАЊЕ ќе биде ограничено на максимум 10 лица по принципот прв дојден.

 

ДОГРАДБА НА КРАК ОД УЛИЦАТА „ДИСАНСКА“  ДО СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА   

ДОГРАДБА НА КРАК ОД УЛИЦАТА „ДИСАНСКА“ ДО СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА  

Во рамките на комуналната изградба општината Кавадарци реализираше проект за продолжување на крак од улицата „Дисанска“ во населбата „Парк“. Ангажираната оператива деновиве ги заврши градежните работи со поставување на рабници за оформување на трасата на улицата во должина од 300 метри, по што се спроведе и тампонирање.

Во наредниот период  ќе уследи асфалтирање на улицата. Претходно на истата делница се изврши прокоп и поставување на цевки и шахти од новата линија за канализација.

Со реализацијата на овој проект општината ќе обезбеди урбанизиран и  асфалтиран пристап до Спомен костурницата од истичната страна.

НОВА ПАТЕКА ДО „СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА“

НОВА ПАТЕКА ДО „СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА“

Општината Кавадарци деновиве привршува со реализација на комуналниот проект за изградба на целосно нова пристапна патека до „Спомен костурницата“ во градскиот парк.

Проектот содржи пробивање и формирање на нова патека од павер елементи во вкупна должина од 300 метри која во еден дел се спојува со стара патека од која беа отстранети руинираните гранитни коцки. Новата патека започнува од источниот влез на Винскиот музеј, се движи над објектот по јужната страна, за на крајот да се оддели од старат патека и се упати кон костурницата како нов пристап од север.

Вчера на оваа локација ангажираната специјализирана електро екипа работеше на приклучување на последанта од осумте нови ниски канделабри кои се дел од системот на јавното улично осветлување.

Новите високо ефикасни ЛЕД светилки со јачина од 20W се поставени на метални столбови со висина од 3,5 метри.

Градоначалникот на Општина Пустец во посета на општина Кавадарци

Градоначалникот на Општина Пустец во посета на општина Кавадарци

Денес во посета на Општина Кавадарци беше Градоначалникот на Општина Пустец г-дин Пали Колефски. Беше остварена средба преку која се разменија искуства од работата на двете општини.
Исто така на средбата присуствуваше и агроном од Општина Пустец кој разговараше со агрономи од Општина Кавадарци и беа разменети искуства.