Асфалтирање на патот кој ги спојува Долна Бошава и Горна Бошава
Градежните работи ги изведуваат Агенција за државни патишта и Општина Кавадарци, во должина од 850 метри.
Градежните работи ги изведуваат Агенција за државни патишта и Општина Кавадарци, во должина од 850 метри.
Општина Кавадарци, Агенцијата за млади и спорт и Фудбалската федерација на Македонија со заедничка инвестиција го реконструираат градскиот стадион.
Деновиве привршуваат градежните работи на реконструкција и доградба на источната трибина, по што работите ќе се насочат кон реализација на новото проектно решение за изградба на јужната трибина која ќе биде целосно покриена со кровна конструкција.
После реконструкцијата на трибините, на стадионот ќе бидат поставени 2000 нови столчиња кои веќе се набавени.
Претходно беше отстранета старата трева од фудбалскиот терен, кој потоа доби нова подлога со систем за наводнување и дренажа. Врз него се поставиа нови бусени трева, кои добро ја прифатиа новата подлога и сега се во одлична состојба.
Во последната фаза од реконструкцијата на градскиот стадион, Општина Кавадарци целосно ќе ги обнови и модернизира соблекувалните и останатите простории во рамки на стадионот.
Општина Кавадарци денека преку ангажираната оператива ја постави 70-та мерна точка од Системот за далечинска контрола, мониторинг и регулација на Јавното улично осветлување во градот и селата. Се работеше на трансформаторот во селото Моклиште и на делот од ситемот во викенд населбата. Согласно проектот треба да се постават вкупно 103 мерни точки на територијата на општината.
Системот претставува интелигентен начин на комуникациско поврзување што овозможува постојана централна контрола, мониторинг, регулација на светлосно ново, далечинско мерење на потрошената електрична енергија, пристап до секој ормар и преглед на моменталната состојба во мрежата на уличното осветлување.
Тоа се остварува со софтверско, web решение, каде апликација се одвива комуникацијата помеѓу централната контролна соба и контролните модули кои се инсталирани во ормарите. Комуникацијата се врши безжично или преку Ethernet врска.
Делот од системот кој се однесува на контролата е конфигуриран да врши централно вклучување и исклучување со што се постигнува оптимизирање на работните часови на светилките и поедноставно управување.
Делот од системот кој се однесува на мониторингот овозможува: анализа на потрошувачката на електрична енергија, далечинско отчитување на потрошената активна и реактивна енергија, факторот на моќност, фреквенцијата, моменталната струја и напон. Ваквата конфигурација на системот овозможува: детекција на дефект и прекин на главното напојување, детекција на кражба на електрична енергија, детекција на останати проблеми во мрежата, како и можност за собирање и складирање на податоци.
Одговорното лице има постојан (24/7) пристап до секој ормар и може да врши моментално отчитување на електричните прилики во мрежата.
Со овој проект општината Кавадарци е меѓу првите во Македонија кои ги применуваат современите енергетски и информатичи технологии и еколошките стандарди во управувањето со системот за јавно улично осветлување.
Оперативата на фирмата „Градба промет“ работи на пробивање на улицата „Западен булевар“ на потегот од градските гробишта до спојот со улицата „Ѓоре Брушански“ кај „Кавадаречки дол“.
Во оваа прва фаза се работи на делница во вкупна должина од 740 метри, од кои првите 300 метри се целина на коловоз и тротоари, по што улицата се дели на два крака, секој со должина од 240 метри.
Според проектото на општината на оваа делница се реконструира старат подземна инфраструктура на водовод и каализација (фекална и атмосферска), а се посатавуваат и целосно нови линии таму каде што има потраба.
Во наредниот период ќе следи поставување на рабници и тампонирање, а во завршната фаза улицата ќе се асфалтира. Урбанизацијата на оваа нова улица ќе се заокружи со поставување на нова линија од системот на улично осветлување на високи метални столбови со еколошки и штедливи ЛЕД светилки.
Општина Кавадарци, организира Јавна расправа за сите урбани и месни заедници за подготовка на годишните програми за 2021 година.
Јавните расправи се предвидени за наредната недела согласно распоредот во прилог. На расправата можат да присуствуваат најмногу 10 членови од Советот на урбаната или месната заедница.
Јавната расправа се организира во големата сала за седници во зградата на локалната самоуправа, согласно сите протоколи за заштита од пренесување и ширење на вирусот Ковид 19.
Распоред за јавна расправа за урбани и месни заедници:
20.10.2020 година ( вторник )
10 часот – УЗ Љубаш
11 часот – УЗ Слога
12 часот – УЗ Задругар
13 часот – УЗ Киро Крстев
14 часот – УЗ Браќа Џунови
15 часот – УЗ Браќа Досеви
16 часот – УЗ Кула
21.10.2020 година ( среда )
10 часот – УЗ Страшо Пинџур
11 часот – УЗ Глишиќ
12 часот – МЗ Ваташа
13 часот – МЗ Сопот
14 часот – МЗ Марена
15 часот – МЗ Возарци
16 часот – МЗ Дреново
22.10.2020 година ( четврток )
10 часот – МЗ Бегниште
11 часот – МЗ Ресава
12 часот – МЗ Дабниште
13 часот – селата од Бошавијата ( с.Мрежичко, с. Страгово, с.Драгожел, с.Гарниково, с.Бохула, с.Конопиште, с.Горна Бошава, с.Радња, с.Мајден, с.Рожден, с.Долна Бошава, с.Бојанчиште и с.Крњево)
14 часот – МЗ Фариш и МЗ Раец
14:30 часот – МЗ Кесендре и МЗ Куманичево
15 часот – МЗ Брушани и МЗ Галишта
15: 30 часот – МЗ Шивец и МЗ Чемерско
16 часот – МЗ Шешково и МЗ Клиново