Автор: Општина Кавадарци

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛ.„ШИШКА“

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛ.„ШИШКА“

Целосно е ревитализиран насјтариот влез во Кавадарци. Во рамките на проектот за реконструкција поставен е порамнителниот слој асфалт на улицата „Шишка“.

Со овој зафат Општина Кавадарци во координација со Агенцијата за државни патишта ги приведува кон крај градежните работи за проширување на источниот влез во градот од страна на Неготино.

Проектот кој го изготви општината опфаќа реконструкција со проширување на улицата во должина од 1 200 метри на потегот од старото уличиште во Глишиќ до спојот со „Северен булевар“. Согласно договорот, земјените рзботи и подземната инфраструктура беа обврска на општината, додека асфалтирањето беше на товар на државата преку Агенцијата за државни патишта

На оваа локација општината преку ЈП „Комуналец“ инвестираше 8 милони денари во нови линии за водовод, како и за фекална и атмосферска канализација. Општината вложи и 31 милион денари за обновување и подобрување на перформансите на подлогата, тампонирање, поставување нови рабници и проширување на коловозот од две на три ленти.

Деновиве треба да уследи поставување на завршниот-фин слој на  асфалт по што ќе се изврши обележување со хоризонтална и вертикална патна сигнализација.

Како дел од обновената делница на улицата граѓаните ќе добијат на користење и 9 000 метри квадратни поплочен тротоар со велосипедска патека, а ќе се постави и целосно новото јавно улично осветлување од десната страна во правец на Глишиќ.

Новото булеварско решение на нај фрекфентната улица во Кавадарци која е дел од регионалниот патен правец Неготино-Кавадарци-Прилеп,ќе значи поголема пропустна моќ, зголемена безбедност и современ урбанизиран сообраќаен влез во градот.

Асфалтирање на ул. Црноречка

Асфалтирање на ул. Црноречка

Во тек е асфалтирање на ул.Црноречка. Согласно проектот предвидено е асфалтирање на ул.Црноречка, 4 краци од оваа улица како и асфалтирање на ул.Јован Планински спој со ул.Ѓоре Брушански. Денес се асфалтираат 3 од овие улици а во текот на утрешниот ден ќе се изврши и асфалтирање на уште 2 улици. Асфалтирањето се врши со дебелина од 7 сантиметри а претходно беа поставени ивичњаци и уредување на долен строј.
Ќе се асфалтираат вкупно 1850 метри квадратни, изведувач е Градба промет а финансиската вредност на проектот е 4 366 000 денари.

Реконструкција на градскиот парк во Кавадарци

Реконструкција на градскиот парк во Кавадарци

Градскиот парк во Кавадарци е на самиот крај од неговата реконструкција. Градежните работи веќе се завршени, обновени се старите патеки и изградени се дополнителни нови. Ова е градски парк ноќе , паркот е веќе во функција и повеќе не е мрачното место во градот. Ново, современо осветлување кое го прави овој парк безбеден за рекреација и прошетка и во текот на ноќта. Во тек е уште хортикултурното уредување на кое што интензивно се работи.
Кавадарчани знаат да се пофалат со градскиот парк но сега ова не е само градски парк, ова е една содржина која се надеваме дека ќе ги привлече сите посетители на Кавадарци да дојдат, да прошетаат и да уживаат во убавините.
Винскиот музеј како бисер на овој парк е отворен за сите љубители на виното , запознавање со винската култура и историја, тука ќе ве пречекаат љубезните вработени кои ќе ве запознаат со историјата на виното и Тиквешкиот вински регион.
За убаво Кавадарци.

Потпишан Меморандум за соработка меѓу здружението Форум ЦСУД и Општина Кавадарци

Потпишан Меморандум за соработка меѓу здружението Форум ЦСУД и Општина Кавадарци

Двете страни ќе соработуваат во процесот на изработка на документ „Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор 2021-2025 на Општина Кавадарци“. Овој процес ќе има за цел да обезбеди инклузивност и учество на граѓанскиот сектор во процесите на дефинирање на развојните активности и иницијативи на Општина Кавадарци, како и да создаде предуслови за креирање на ефикасни партнерства за поттикнување на граѓанскиот активизам во општината и за развој на локалните граѓански организации.
Документот ќе биде подготвен од страна на здружението Форум ЦСИД врз основа на процес на стратешко планирање со кој на консултативен и партиципативен начин, со значителна вклученост на граѓанските организации и општинската администрација ќе се идентификуваат сегашните и идните потреби на граѓанскиот сектор од Општина Кавадарци.