ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година
Врз основа на член 50 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на Р.М бр.5/2002 од 29.01.2002 година ), член 113 од Статутот на Општина Кавадарци ( Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ) Член 1 од Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на велосипеди за 2020 година бр.08-4989/9 од 25.09.2020 член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување велосипеди за 2020 бр.08-4989/8 од 25.09.2020
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
ОБЈАВУВА
ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето
на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година
- Опис на јавниот повик
1.1. Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, обезбедува повраток на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 17.10.2020 година.
1.2 Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 28.09.2020 година заклучно со 17.10.2020 година
1.3. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „Јавно извлекување“.
1.4. Средствата што ќе ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари со вклучен персонален данок на доход по лице.
1.5. Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Кавадарци и електронски медиуми.
- Начин на пријавување на јавниот повик
2.1. Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат велосипед од денот на објавување на Јавниот повик.
2.2. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество се исполнети, бартелот до Општина Кавадарци ги доставува следните документи:
- Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во Граѓански услужен центар на Општина Кавадарци или да се обезбеди од интернет страницата kavadarci.gov.mk),
- Доказ за жителство во Општина Кавадарци, со доставување копија на важечка лична карта на барателот,
- Доказ дека е полнолетен жител на општина Кавадарци (Фотокопија од важечка лична карта),
- Копија од трансакциска сметка на барателот,
- Доказ дека е извршено купување на нов велосипед и тоа со оригинална фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со дата од денот на објавување на повикот.
- Изјава дека го нема искористено правото на субвенционирање за купување на велосипед од буџетот на општина Кавадарци и буџетите на другите државни институции за претходните 4 години.
2.3. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед.
2.4 Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен бел плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година“ во архивата на општина Кавадарци, на адреса ул. “Плоштад Маршал Тито” бб, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.
2.5 На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2020 година “.
Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено