Несомнено има екипа која не така лесно отстапува од врвот и пласманот за светско првенство. Брзото примање и предавање на знаци од Морзеовата азбука или натпреварувачка категорија стручно наречена ХТС покажаа резултатите уште еднаш најдобро им оди на Миле Трајков, Дарко Трајков и Дејан Ѓорѓиев.
И годинава на државниот натпревар по радиотелеграфија што во организација на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија се одржа во Прилеп најдобри беа кавадарчани.
Во Прилеп овој пат Миле Трајков го освои првото место во категоријата ветерани, неговиот син Дарко Трајков беше прв кај сениорите, а Дејан Ѓорѓиев изби на првото место меѓу јуниорите. Таткото и синот континуирано остваруваат пласман меѓу првите најдобри. Оваа тројка, екипа која е дел од кавадаречкиот радио клуб „Искра“ кој работи во рамки на Народна техника се подговтувава за Свестското првенство во радио телеграфија за брзо примање и испраќање на морзеови знаци коегодинава во септември ќе се одржи во Охрид. И таму ќе бидат предводени од менаџерот Младен Марковски.