Денеска во Кавадарци беше отворен Младинскиот Информативен Центар

Денеска во Кавадарци беше отворен Младинскиот Информативен Центар

Денеска во Кавадарци беше отворен Младинскиот Информативен Центар-Инфо СЕГА. Градоначалникот Александар Панов, Амбасадорката на Франција во РМ г-ѓа Лоренс Оер и директорот на Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески на свечен начин со сечење на лента го прерардоа во употреба Младинскиот информативен центар-кавадарци.

Се работи за втор Информативен центар во земјата од ваков тип, по оној во Прилеп.

МИЦ е дел од проектот „Младински Информативен Центар-ИНФО СЕГА“ Кавадарци кој Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Агенцијата на Асоцијации за Локална Демократија (АЛДА) го спроведува во рамките на Програмата за Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот на Долна Нормандија-Франција и Општина Кавадарци.

Градоначалникот Александар Панов и Советот на Општина Кавадарци го поддржаа отварањето на новите простории и активноста на Младинскиот Совет на Кавадарци. Панов денеска ја нагласи соработката со Француските пријатели и Агенцијата за млади и спорт. Новите простории и понатаму ке ги користи невладиниот СППМД. Колку посветува внимание тој и Општината на младите и невладиниот сектот говори факот стартот на работите на изградбата на првиот НВО центар во Кавадарци на улицата ,,7 септември“ каде ке бидат собрани на едно место сите невладини организации кои го немаат решено просторното прашање.Кавадарци е мегу првите градови во Македонија каде невладиниот сектор ке има оптимални услови за работа и дејствување.

За Амбасадорката на Франција во РМ г-ѓа Лоренс Оер, денешниот настан преставува гордост затоа што соработката со Француската невладина организација од Нормандија даде резултат чии плодови ќе ги користат младите кавадарчани. „Ова ќе биде место за собирање на младите, овде ќе бидат разменувани мислења, тие ќе ги искажуваат своите мислења и ставови, со еден збор ќе се изградуваат во личности“, рече амбасадорката Оер.

Извршниот директорот на Коалицијата Сега Зоран Илиевски кажа дека основна цел на Младинскиот Информативен Центар е обезбедување и ширење на информации, давање на совети, како и испорачување на обуки и едукации од различни сфери корисни за младите луѓе.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески се заблагодари на Општина Кавадарци за отстапувањето на просторот, ангажманот и разбирањето на младите. Го потенцира слухот на Владата и Агенцијата за потребите од вакви центри во земјата кои можат да послужат за информации за вработување,ангажман за вклучување во разни активности.

Во продолжение активисти на СПМПД изведоа драмски приказ дел од нивната секојдневна работа, а беше одигано Мадонско оро и испеана ,,Македонко девојче,, од кавадаречки и ЕВР младински волонтери од Турција, а кавадаречкиот музички состав „Џоа бенд“ се престави со дел од својот репертоар.

Просториите на Младинскиот Информативен Центар се наоѓаат на ул. „Ресавска” бр. 4, кај првиот триаголник.