Градоначалникот Александар Панов во неговиот кабинето додели решанија за вработување на неопределено време на шест лица кои досега беа времено знгажирани Јавната установа „Локален музеј-галерија Кавадарци“. Станува збор за трансформација на работниот однос на лица кои во изминатите 4 години работеа во музејот со ангажман преку локалната самоуправа.
Со одлука на Владата на Република Македонија, а на барање на општината и музејот беа изготвени решенија со кои шестмина сограѓани го решиа проблемот со вработувањето.
При доделувањето на решенијата, градоначалникот Панов истакна дека со овој чекор Владата во рамките на проектото за вработувања во институциите од културата помогна да се надмине сериозен проблем во кавадаречкиот музеј кој во последните години се соочуваше со одлив на кадар по пат на пензионирање. Ова рече Панов се случи во моментот кога општината изгради нов музеј, а кадрите заминуваа. Така од 10 вработени бројот се сведа само на тројца луѓе кои ги опслужуваа двата објкекти. Но со овој потег состојбата со недостиг на стручен и помошен кадар се нормализира.
Честитајќи им за вработувањето градоначалчникот посака сите тие да го следат примерот на нивниот директор Петре Камчевски кој иако пред пензија, сеуште активно истражува и публикува нови сознанија поврзани со историјата на Кавадарци и Македонија. Им порача да ја искористат таа предност и да го задржат нивото на кавадаречката јавна установа која благодарение и на дрлото на Камчевски се рангира межу прввите 10 институции во Македонија.