На свечен начин во големата сала на оптината Кавадарци, денеска претседетелот на Општинската изборна комисија Кавадарци Зоран Костов во присуство на составот на ОИК им ги додели уверенијата за избран Градоначалник и избрани членови на Советот на општина Кавадарци во мандатот 2017-20121 година.
Уверението за својот прв мандат на местото градоначалник на Кавадарци го прими Митко Јанчев, кој од денеска ја презеде ова висока функција.
Советот на Општина Кавадарци ќе го сочинуваат 19 советници. Девет уверенија добија советниците на СДСМ, Осум на ВМРО-ДПМНЕ и по едно советничко место имаат партијата ГРОМ и Независната листа на советници на Ристо Сакалиев. Претседателот на ОИК Костов истакна дека изборите во Кавадарци поминале во фер и демократска атмосфера без повреди на избирачкото прави, што е плус повеќе за демократскиот капацитет на граѓаните кои учествуваа на овие избори.
Во обраќањето пред новиот состав на Советот на Општината Градоначалникот Јанчев пак изрази спремност да соработува со сите политички чинители во Советот со цел да се реализираат заедничките проекти кои се од интерес на граѓаните.
Носителите на советничките листи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, во изјавите за медиумите нагласија дека ќе работат во интерес на сите граѓани. Носителката на Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Горица Пеливанова-Вилхелм, рече дека тие како советничка група ќе даваат подршка на сите проекти кои кќ бидат од интерес на граѓаните.
Д-р Виолета Димитрова како носител на Советничката листа на СДСМ пак изрази спремност како советничка група и партија да соработуваат за доброто и модерно Кавадарци кое ќе биде убаво место за живеење на граѓаните.