Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов, денеска ги додели решенијата за еднократно отпишување на долгот по основ на комунална такса за користење и одржување на јавното осветлување.
Врз основа на Одлуката од Комисијата за постапување по барањата за еднократно отпишување на долговите на граѓаните при министерството за труд и социјална политика, како и со одлука на Советото на општина Кавадарци решенијата им беа доделени на 40 граѓани од категоријата на корисници на социјална помош или постојана парична помош од ранливи категории граѓани. Согласно поднесените барања од граѓаните, а врз основа на податоците од Центарот за социјални работи на Кавадарци, а врз основа на Законот за еднократно отшишување на долговите на граѓаните беше доставено барање до ЕВН Македонија АД Скопје за дсоставување на податоци поврзани со долгот на корисниците. Врз основа на тие податоци во оваа прва фаза беше извршен и отписот на долгот.
Во обраќањето до присутните градоначалникот Панов, подвлече дека се работи за исклучителен и уникатен потег на Владата на Република Македонија, со цел барем малку да се помогне на социјално ранливите категории на граѓаните. Панов истакна дека Владата и Општината се свесни дека овој начлин не помош не е некое трајно решение. Сепак фактот што Владата и Општината насебе ја превземаат оваа обрска да го подмират заостанатиот долг на граѓаните, е потег кој залужува должна почит, бидејќи никоја Влада претходно нема спроведено ваков уникатен социјален потег.
Панов информираше дека во општината се пристигнати уште шетириесеттина нови одлуки за отпис на заостанат долг, за кои Советото на општината ќе расправа на наредната седница.