ЕУ амбасадорот Жбогар во посета на Кавадарци

ЕУ амбасадорот Жбогар во посета на Кавадарци

Шефот на делегацијата на Европската Унија  во Република Македонија неговата екселенција амбасадорот Самуел Жбогар  беше во прва работна посета на Кавадарци. Посетата е дел од кампањата „ЕУ за тебе”, која има за цел да ја покрене свесноста и да ја информира јавноста за помошта што Европската Унија јадава во земјата..

            Високиот претставник на Европската Унија имаше работна средба со градоначалникот Митко Јанчев, а на состанокот присуствуваа и членовите на Советот на општината: Ташо Радњански, Зоран Јованчев и Лазар Туриманџов,

            Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев после средбата искажа задоволство од разговорот како и од посетата на евро амбасадорот на општината. Јанчев на прес конференцијата истакна: „Со амбасадорот Жбогар. разговаравме на повеќе теми и за она што ЕУ заедно со амбасадорот го имаат сработено и доделено  на Кавадарци во вид на грантови и донации, а во полза на граѓаните. Разговаравме и за нашите проекти кои што ги имаме. За новиот градоначалник и новата визија за Кавадарци, а пред се за проекти кои во соработка со ЕУ би можеле да ги реализираме во наредниот период“ рече Јанчев.

            Амбасадорот Жбогар ја поздрави соработката помеѓу советот и градоначалникот иако доаѓаат од различни политички партии. Посака таква соработка меѓу двете најголеми партии да има и на национално ниво, се во интерес на граѓаните. Жбогар за прв пат денеска официјално е во посета на Општина Кавадарци и искажа задоволство од онашто го слушна и виде во Кавадарци. „Ми беше мило да слушнам многу пофални зборови за градоначалникот за плановите за развој на општината. Слушнав охрабрување, позитивни размислувања во врска со неговата работа и за довербата што ја имаат граѓаните во новото лидерство на општината“ нагласи Жбогар.

            Претставникот на ЕУ сепак стави акцент на работоата на Советото на општината. „Навистина постои многу добра соработка, а тоа се гледа и од самиот факт што градоначалникот на денешниот состанок ги донесе и претставниците на другите политички партии. Тоа само по себе говори дека постои многу добра соработка на ниво на општинскиот совет, впрочем тоа и го потврдија присутните на состанокот. Мислам дека е многу добро да се види една таква соработка која што функционира посебно на локално ниво, затоа што луѓето од различните партии се обединуваат за реализација на проекти за добробит на граѓаните. Овој пример треба да се види и во другите општини. Ваков пример на добра соработка би сакале да видиме и на национално ниво, посебно кога се работи за национални стратешки прашања каде што соработката помеѓу двете големи политички партии би била повеќе од неопходна“ рече Жбогар.

            Градоначалникот Јанчев од амбасадорот Жбогар прими Благодарница од ЕУ во знак на признание аз сите досега успешно раелизирани проекти, а воедно како потстрек за  успешна  соработка во иднина.

          При посетата на Кавадарци амбасадорот најпрво беше во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ каде оствари средба со неколкумина кавадарчани обучени за изработка на мебел финансиран од Европската Унија. Амбасадорот на нив им предаде сертификат со кој можат да работат како во земјава, така и во земјите членки на унијата. Ја посети и работилницата во која се врши практичната обука за ученици и возрасни, во која впрочем и беа обезбедени материјали за обука во рамките на проектот. Средба беше дел од проектот „Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системите на стручно образование и обука и на образованието на возрасните”, спроведен од Британскиот Совет, а финансиран од Унијата.

          Жбогар бешеи во посета на Центарот за вработување, во врска со проектот „Поддршка на процесот за подобрување на работата и услугите на Агенцијата за вработување”, аимаше и работен ручек во ВВ „Тиквеш“ со ликовни уметници, актери и клтурни дејци од Кавадарци.