Со финалните натпревари во мал фудбал и кошарка заврши циклусот натпревари во класното првенство на гимназијата „Добри Даскалов“ за учебната 2014/2015 година.
Победник на првенството во мал фудбал е екипата на II1, која со резултат 1:0 (1:0) ја победи IV3 година. Претходно во малото фимнале за трето место екипата на II7 славеше по изведувањето на пенали 2:1 откако претходно одиграа нерешено 2:2 со тимот на IV4.
Конечниот пласман на класното првенство во мал фудбал е следниот: прво место II1, второ тимот на IV3, на третото место се пласира екипата на II7 , а четврта е екипата на IV4клас. Наградите на најдобрите ги доделија секретарот на општина Кавадрци Кире Делов и директорката на гимназијата Невенка Поп-Ангелова. На првенството кое започна во првото полугодие учествуваат 28 екипи од сите паралелки. Есенскиот дел се играше по бод систем, а најдобрите од групите пролетва се бореа за титулата.
Победник во финалето во кошарка е екипата на IV4 клас која во финалето беше поуспешна од тимот на III3 клас забележувајќи победа од 37:28 на полувремето беше 13:15 за учениците од трета година.
Класните првенства во овој формат се под покровителство на градоначалникот и Советото на општината од есента 2009 година. Наградите ги обезбедува општината со што ја искажува својата определба за поддршка на школската младина.
При доделувањето на наградите секретарот Делов ја потврди определбата на Градоначалникот и Советото за покровителство на класното првенство. Според него ова е еден добар пример за развој на физичката култура кај младата популкација и нејзино насочување кон спортските активности. Притоа ги посочи ангажманите на општината и Владата за изградба на нови спортски објекти во кавадаречките училиште меѓу кои и две нови училишни спортски сали, како и обновување и реконструкција на постојните спортски терени за нивно ревитализирање меѓу кои се и терените во гимназијата. Тој посака од сегашните млади спортисти во гимназијата да се изнедрат врвни кавадаречки и македонски спортисти како нивните славни претховници во кошарката, фудбалот и ракометото.
Директорката Поп-Ангелова ја посочи исклучително добрата соработка на општината со училиштетео и несомнено искренатра и голема поддршка која градоначалникот и советото ја искажуваат во секоја прилика.