Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов оствари работна средба со делегација од амбасадата на Република Словенија

Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов оствари работна средба со делегација од амбасадата на Република Словенија

Градоначалникот на Општина Кавадарци Александар Панов оствари работна средба со делегација од амбасадата на Република Словенија во нашата земја, предводена од неговата екселенција амбасадорот Бранко Раковец, во која беа и економскиот советник во амбасадата госпоѓа Мира Лешјак и конзулот Грегор Ковачич. На средбата освен протоколарни беа разменети и мислења поврзани со продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Словенија. Акцентот беше ставен на можноста од соработка на кавадаречки компании со сродни компании од Словенија.

После средбата градоначалникот Панов во изјва за јавноста истакна: Разговаравме претежно на економски теми. Интересот на двете држави и на Кавадарци е да најдеме заедничи пазари во трети земјо. Разгфоваравме и за можноста како поуспешно да функционираме меѓусебно. Повеќе наши компании да отвараат претставништва во Словенија, како што е примерот со ИГМ и обратно. Си зедовме обврска да реализираме една заедника средба меѓу регионалната стопанска комора со седиште во Кавадарци со комапнии од Словенија“

„Претходно кога работев како правник во ЈП „Комуналец“ со Светска банка и со словенечка фирма изградивме четии мини хидро централи на регионалниот водовод „Лукар“. Тоа беше добра основа за соработка, особено со новиот проект кој го работиме. Петте нови мини хидроцентрали на ревитализираниот Хидро мељоративен систем „Бошава“ кои ги градеше компанија од Словенија се веќе готови. Наскоро и официјално ќе бидат пуштени во работа. Хидроцентралите се веќе готови и произведуваат електрична енергија. Очекуиваме до крајот на месецот да ги пуштиме официјалчно во употреба. Комапнијата „Колектор“ од Словенија ќе го каже точниот датум. Ќе присуствуваме на отворањето на уште еден капитален проект во Кавадарци, пет мини хидроцентрали со моќност над 11 мегавати“ рече Панов.

Задоволство од денешната средба со градоначалникот на Кавадарци искажа и словенечкиот амбасадор Раковец. „Ме радува тоа што денес сум во Кавадарци. Градоначалникот ме запозна со развојните проекти на општината,  која важи за една од најуспешните во Македонија. Кавадарци не е само подрачје за производство на квалитетни земјоделски производи, тоа е град на индустрија кој се равива. Вашата општина може да се пофали со бројни странски инвестиции, посебно ме радува што меѓу нив има и словенечка компнаија. Тоа е компанијата „Колектор“ која работеше на мини хидроцентралите. Ме радува и фактот што од Кавадарци има македонка инвцестиција во Словенија. Тоа е инвестиција на кавадаречката компмнаија  „ИГМ-Трејд“. Взаемната соработка и инвестициите се вистинскиот пат кон соработка“, рече амбасадорот.