ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ КАЈ ЗГРАДИТЕ НА БУЛ. „КОЧО РАЦИН“

Градежната механизација на фирмата „Ја-Ми“ од Кавадарци, општината Кавадарци и ЈП „Комуналец“ интензивно го реализираат птоектот за хортикутурно уредување на просторот меѓу зградите зад булеварот „Кочо Рацин“ и индивидуалните станбени објекти на улицата „Орце Николов“.

Се работи за површина од 2000м2 која што хортикултурно ќе се уреди. Фирмата донатор „Ја-Ми“ на општината и отстапи скипер и 4 камиони со кои просторот најпрвин се расчисти од шут, смет и обрасната вегетација. Потоа беше донесена земја со која се дооформија  зелените површини.

Јавното претпријатие на тој простор ќе спроведе систем за полевање, по што ќе следи  садење на дрвја и сеење на трева.

 По завршувањето на акцијата општина Кавадарци на жителите од овој дел на градот ќе им предаде во употреба урбанизиран и култувиран простор за одмор и рекреација.