Продолжија работите на изградбата на крак од улицата „Дисанска“ над градскиот стадион. Оперативата на неготинската фирма „Инвест груп“ денеска и вчера работеше на тампонирање, како и на поставување на ивичници низ целата должина на улицата. Со ова практично се оформи подлогата на која деновиве ќе следи поставувањето на бекатон коцките на 110 метри должина и вкупна површина од 550м2. Со овој зафат општината ќе им овозможи урбанизиран пристап на жителите од повеќето куќи од овој дел на населбата „Парк“.