ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (ReLOaD)
Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) е финансирана од Европската унија и ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до јануари 2020 година и ќе има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјте од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки.
Со проектот ReLOaD е предвидено да бидат вклучени 5 општини во земјава: Струмица, Ресен, Кавадарци, Гостивар и Куманово.
Општина Кавадарци и проектот ReLOaD ги повикуваат сите граѓански организации во земјава да поднесуваат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Кавадарци и со кои се опфатени следните приоритетни области:
1. Родова еднаквост
2. Негување на културата и културното наследство
3. Заштита на животна средина
4. Претприемништво,
5. Социјална инклузија
Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД .
На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD (до јануари 2020).
Општина Кавадарци и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 8 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од мај 2018 до декември 2018.
Важно соопштение: Повикот за доставување на апликации се продолжува до 17.04.2018 година до 15:00 часот.