Врз основа на член 22 став (1) точка 12 од Законот за Локалната Самоуправа (Сл. Весник на Р.М. бр.05/2002), а за потребата од исполнување на законската обврска согласно членовите 29, 30 и 31 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на Р. М.“ бр. 90/2009, 188/2013 и 192/2015), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за изразување на интерес на лица
за извршување на работни задачи од
областа Внатрешна ревизија во Општина Кавадарци
Целта на внатрешната ревизија е на раководителот на субјектот од јавниот сектор да му обезбеди независно разумно објективно уверување и совет со цел за подобрување на работењето на субјектот и зголемување на ефективноста на системите за внатрешна контрола.
Со цел да се придонесе во подобрувањето на работењето на институцијата, а и согласно членовите 29, 30 и 31 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на Р. М.“ бр. 90/2009, 188/2013 и 192/2015), Општина Кавадарци ги повикува сите заинтересирани лица да се пријават на јавниот повик за регулирање, развој и усогласување на системот за внатрешна ревизија.
Заинтересираните лица треба да ги исполнуваат следните критериуми:
– Завршено универзитетско образование од областа (правни или економски науки ),
– Работно искуство и познавања од областа Внатрешна ревизија.
Заинтересираните лица треба да ги достават следните документи:
– Пријава со кратка биографија,
– Доказ за завршено образование,
– Доказ за работно искуство.
Пријавата со бараните документи да се достави во затворен плик со назнака Јавен повик- Внатрешна ревизија, во архива на Општина Кавадарци најдоцна до 28.05.2018 година.
По разгледување на пријавите заинтересираните лица ќе се повикаат на разговор.
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
ГРАДОНАЧАЛНИК
м-р. Митко Јанчев