Врз основа на член 128-а од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци“ бр.08/05), и член 128-г од Одлуката за формирање на Совет на млади на Град Кавадарци (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци “ бр.24/2010), Советот на Општина Кавадарци објавува
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ГРАД КАВАДАРЦИ
1.Се покренува постапка за избор на членови на Советот на Град Кавадарци.
Советот на млади на Град Кавадарци е советодавно тело на Советот на Општина Кавадарци, основано заради подобрување на положбата и решавање на проблемите во Град Кавадарци.
Во Советот на млади на Град Кавадарци можат да бидат бирани млади со постојано место на живеење на територијата на Град Кавадарци и со старосна граница од 15 до 30 години.
2.Советот на млади на Град Кавадарци брои 5 членови.
Советот на млади од своите редови избира претседател и заменик претседател.
Членовите на Советот на млади на Градот Кавадарци се бираат со мандат од две години.
3.Право на предлагање на кандидати за членови во Советот на млади имаат : Невладини организации и Здруженија на млади , ученички совети, студенски совети и други регистрирани облици на организирање на младите.
4.При предлагањето на кандидатите се поднесуваат следните документи кои се во прилог на овој јавен повик :
-СМ-1 (Образец – Предлог кандидат за член на Советот на млади на Општина Кавадарци)
-СМ-1 (Образец – Согласност за прифаќање на кандидатурата за член на Советот)
-СМ-1 (Образец – Согласност дека кандидатот за член на Советот е предложен согласно актите на институцијата)
Документите мора да бидат потпишани и заверени од страна на овластено лице на институцијата која го предлага членот.
5.Предлагчот е должен покрај наведените документи во точка 4 да приложи и :
– Документација од која е видливо дека кандидатите ги исполнуваат условите од точка 1 од овој јавен повик (Извод од матична книга на родените не постар од 6 месеци или фотокопија од лична карта )
– Кратка биографија на кандидатот.
– Фотокопија од регистрација на здружението
Ненавремено доставените документи и нецелосна документација нема да се разгледува.
6.Рокот за поднесување на предлози за кандидат за членови на Советот на млади на Град Кавадарци е 8 дена од објавување на овој јавен повик.
Потребните обрасци од точка 4 се во прилог на јавниот повик.
Предлозите за кандидати за членови на Советот на млади на Град Кавадарци , со назнака “Предлог кандидат за избор на членови на Советот на млади на Град Кавадарци, се доставуваат на адреса :