Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2017 година наменети за финансирање на проекти и програмските активности на здруженија и фондации, ќе се врши согласно Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации (“Службен весник на РМ”, бр. 130/07).
Сите заинтересирани Здруженија и Фондации своите предлози треба да ги достават до Општина Кавадарци, Сектор за локален економски развој. Средствата се однесуваат за планирани активности и проекти за период до крајот на 2017 година. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кавадарци за 2017.