ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАСАДИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАСАДИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

 Се повикуваат граѓаните на Општина Кавадарци  на кои ниските температури што ја зафатија Општина Кавадарци во периодот од 26.04.2016 до 28.04.2016 им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски посеви, истата да ја пријават во просториите на Општина Кавадарци.

  Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот во периодот од 04.05.2016 заклучно со  11.05.2016 (среда) во просториите на Општински центар за услуги во Општина Кавадарци или на телефонскиот број 043/416-145. Лице за контакт во Општина Кавадарци за пријавување на штетите Стефанија Стоева .

 Покрај барањето за настаната штета, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од тренсакциона сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист)

                                                                 ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

                                                                      ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                            Дипл.прав.Александар Панов