Денеска Кавадарци го одбележува „7 Септември“ , денот на ослободувањето Во чест на прзаникот, претпладнето Делегација на Општината предводена од градоначалникот Александар Панов положи букети свежо цвеќе на споменикот на Слободата и револуцијата на градскиот плоштад, после што во „Паркот на револуцијата“ со букет свежо цвеќе беше оддадена почит на народните херои и паднатите борци во НОБ, во новоизградената „Алеја на Великаните“ каде општината ги постави бистите на борците кои досега беа разместени во градскиот парк и низ кавадаречките улици, а честопати беа мета на крадци кои ги продаваа како старо железо. Сега бистите ќе бидат целосно заштитени од зрамиите а градот доби нов историски споменик во чест на кавадаречките првоборци и родољуби.
Денеска беше откриуена и спомен биста на револуционерот Ѓорче Петров во дворото на Средното општинско училиште кое го носи неговото име а каде се образуваат ученици за струките, жумарство, земјоделство и лозарство.
Во чест на празникот во Музеј-Галеријата Кавадарци беше отворена изложба на стари фоотографии „Занаетчијството во кавадарци низ историјата, на која се поставени над 100 фотографии од периодот на порвата фотографија за кавадаречките занаетчии снимена 1915 година па се до почетокот на 80 години од минатиот век, до кога во градот опстојуваа повеќето стари занаети.
Празничните свечености продолжуваат со свечена седница на Советото на општината на која обраѓање има градоначалникот Панов, кој ќе ги додели и Плакетата и Дипломата „7 СЕптември“ како знак на општественои признание за особени постигнувања на фирмата „Инел Интернационал“ која се занимава Информатички Технологии и кабелски оператот, како и на професор доктор Кирил Темков за особенио постигнувања во општествените науки.
Денеска градоначалникот Панов на 24 високо образовани кадри им додели решенија завработување на неопределено време на лица кои досега работеа по разни основи во „градинката „Рада Поцева“ Музеј галеријата и во Домот на културата. Тие празникот на градот ќе го паметата по решенијата со кои го решија најгорливиот проблем егзистенцијата.