„КЛАСТЕРСКА КОНКУРЕНТНОСТ ЗА БИЗНИСИ“

„КЛАСТЕРСКА КОНКУРЕНТНОСТ ЗА БИЗНИСИ“

Општина Кавадарци вчера организираше работилница на тема „Кластерска конкурентност за бизниси“. Работилницата е дел од  активностите на проектот „Бизнис информативен, иновативен центар и МИЦЕ Акции“ финансиран од Програмата за прекугранична соработка 2007-2013 на Европската Унија.

Партнери во овој проект се општина Кавадарци од македонска и општина Едеса од грчка страна како земја членка на Европската Унија. На работилницата беа поканети гости од бизнис секторот од Кавадарци како и нивни колеги претставници на бизнис секторот  од Едеса- Република Грција.

Во воведниот дел претставување на проектот „Бизнис информативен центар“ имаа раководителот на Секторот за локален економски развој во општина Кавадарци г. Тодор Ефремов од македонска и Евангелос Кириаку директор бирото за туризам на градот Едеса. Тие преку своите излагања ги запознаа присутните со целите на овој проект кој е значаен за двете општини пред се во приближувањето на економската соработка во која спаѓа и туризмот.

Пред присутните зборуваше и г.Беким Хаџиу раководител на  Секторот за туризам од Министерството за економија во Владата на Република Македонија.

Во работниот дел на средбата најпрвин зборуваше професорката Габриела Ракичевиќ од факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Нејзиното предавање беше на тема „Улогата на менаџментот во организацијата на услужните дејности“. Ана Амбаркова Агент за развој на кластерите имаше излагање на тема „Улогата на кластерите во развојот на конкурентните економии“.

Александар Ристевски претседател на кластерското здружение „Тиквеш“ зборуваше на тема „Искуствата од кластерското здружување“ притоа ставајќи акцент на искуствата од работата на здруженито од Тиквешкиот регион. На иста тема говореше и Сакис Димтсис претставник на општината Едеса при што ги пренесе искуствата од работата на

Кластерските здруженија во Република Грција пред се во развојот на  алтернативниот туризм.

Присутните имаа можност да проследат предавања на теми и искуства од кластерското здружување што ги презентираа експерти од Македонија и Грција.

Крајната цел од вчерашната средба е да се потенцираат придобивките од  клатсерското здружување на бизнис секторотпред се за малите и средни претпријатија. Зајакнувањето на овој принцип на работа  ќе биде од големакорист за сите чинители пред се во секторот туризам.

Работилницата се одржа во просториите на Винарската Визба „Тиквеш“ во Кавадарци.