Кавадарци и ова лето ќе има квалитетно и редовно водоснабдување. По внатрешниот ремонт на филтрите на „Стара Река“ во извориштето „Лукар“ и проектот за замена на азбестно цементните цевки кавадаречки Комуналец работи и на изградба на цевководот во индустриската зона, кој патем ќе биде и транзит за водата до Росоман, а ќе овозможи и задоволување на потребите за вода во индустриската зона.
„Друг поголем проект е реконструкцијата на росоманската линија. Работиме на цевководот Фи 250. Преткот е вреден околу 20 милиони денари. Се надеваме дека ќе имаме поквалитетно водоснабдување на индустриската зоина. Линијата ќе биде транзит за Росоман. Завршува до фабриката Дрекслмаер, а доизградбата на линијата до Росоман е надлежност на општина Росоман. На оваа линија ќе имаме мерна регулациона шахта каде согласно взаемниот дооговор со Росоман треба да испорачаме околу 20л/сек вода. Тоа ќе се случи наскоро кога ќе го пуштиме заедничкиот водовод кој е изграден во соработка помеѓу Кавадарци, Росоман и владата“ информира директорот на ЈП Комуналец, Илија Атансов.
Направен е целосен ремонтот на внатгрешниот дел од филтрите на Стара Река. Извршено е пескарење фарбање, замена на кварцен песок и дизните. За овој зафат комуналното претпријатие потрошило околу 7 милиони денари.
„Годинава очекуваме со уште три милиони денари да завшриме комплетно надворешно пескарење на филтрите“ рече Атанасов.