На 8 август 2015 година во Кавадарци прославена св. Петка

На 8 август 2015 година во Кавадарци прославена св. Петка

На 8 август 2015 година во Кавадарци верниците од христијанска вероисповед заедно со свештенството на Повардарската епархија го празнуваат верскиот празник „Света Преподобна маченичка Параскева-Петка“, чие име го носи новата црква која е изградена во новиот центар на градот. Топлото време не беше пречка кавадарчани во масовен број да го исполнат новиот храм и неговото опркужување, и да го изразат своето почитување кон нивната заштитничка, светата маченичка Параскева Петка, која ги штити од несреќи и болести.

На големиот собир и водосвет пред новата црква „Света Петка“ му претходеше оддржувањето на Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Димитрија“ во Кавадарци со која чиноначелствуваше Митрополитот Г.Агатангел во сослужение со свештеници од Повардарската епархија.

После водосветото во чест на празникот, благодарност до ктиторите, МПЦ и валдиката г.Агатангел, до верниците упати градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов кој ги замоли присутните како и граѓаните на Кавадарци, а кои се во можност да донираат за изградбата на црквата, да гго изразат тој гест со што ќе помогнат во завршување на финалните работи пред осветувањето.

Владиката  г.Агатангел им се заблагодари на менаџментот на Фени Индустри кои се најголеми ктитори, потоа на компаниите „Кожувчанка“ и „Градба Промет“, архитектот Трајче Грков, мајсторот Ристо Грозданоски од Мала Преспа кој се соживеал со секој камен вграден во црквата, како и на Општината Кавадарци преставувана од Градоначалникот Александар Панов и претседателот на Советот, Горица Пеливанова – Вилхелм. „Старите велат, оној што не праврел куќа не знае како е да се гради. Црковните храмови се убавина на душата. Окото може многу убави работи да гледа, но душата треба прво да го види Христа, а него ќе го види во овој храм. Благодарение на Фени и на директорот Даскалакис кој не поттикна да го изградиме овој храм, но и ни покажа нас, кои живееме во Кавадарци и Македонија како треба да се сака црквата и да се љуби Господа“ – рече меѓу другото Владиката Агатангел, кој на крајот од својот говор уште еднаш јавно ги покани сите христијани на 18 октомври да присуствуваат на осветувањето на црквата „Света Петка“.

Во своето обраќање пред верниците, заменик генералниот директор на „Фени Индустри“, Герасим Кујунџиев рече: „Самата црква е една од најубавите цркви изградени во поново време во Македонија и истата е градена во традиционален византиски стил, од рачно клесан камен, архитектурата, фрескоживописот и иконостасот се дело на најдобрите современи црковни уметници во целост запазувајќи ја средновековната македонска црковна традиција која е најубавиот архитектонски и уметнички период. Сигурен сум дека нашата црква „Света Петка“ ќе биде вистински бисер и обележје на Кавадарци и граѓанитеч“.

Претседателот на иницијативниот одбор и сопственик на Кожувчанка, Митко Јанчев во својот говор пред присутните ја потенцираше макотрпната работа во сите пет години која благодарение на божјата милост и благословот од Господин Агатангел резултираше со изградба на овој божји храм кој на 18ти октомври ќе биде осветен.