НОВ СПОЈ НА УЛИЦАТА „ЖЕЛКОВ ДОЛ“ СО УЛИЦА „ФУШТАНИ“

Општина Кавадарци го реализира проектот за изградба на спој на улицата „Желков дол“ со улицата „Фуштани“. Се работи за крак од улицата со површина од 605 метри квадратни, кој во оваа фаза на изградбата е пробиен со завршени земјани работи и тампониран.

Ќе следува поставување на рабници, па нејзино асфалтирање од страна на изведувачот фирмата „Изолација“ од Скопје“. Со реализацијата на овој проект се пробива поширока и побезбедна делница на спојот од споменатите улици.

За оваа намена општината ќе потроши 1.155.000 денари, средства од сметката за комунална изградба од општинскиот буџет.