НОВА КАМПАЊА ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦИ

Општина Кавадарци започна со нова кампања за ревитализација на улици во урбаните и месните заедници.

Според програмата во наредниот период ќе бидат реконструирани улиците: „Струшка“, „Владимир Назор“, „Јован Планински“, „Дисанска“ и една улица во селото Марена.

Оперативата на фирмата „Изолација“ започна со реализација на овој комунален проект со ревитализацијата на целата површина на улицата „Струшка“.

Во првата фаза се врши замена на старите и дотраени ивичници, по што ќе следува гребење на истрошениот и оштетен асфалт, за на крај да се постави нова асфалтна подлога.

Со реконструкцијата ќе се обнови асфалтот на површина од 1340м2 на целата површина на улицата од спојот со улица „Киро Крстев“ до спојот со Улицата „Методи Џунов-Џико“.

За оваа намена општината ќе потроши 2.100.000 денари. Парите се од буџетот, сметка за комунална изградба.