OОМБУ „Лазо Мицев Рале“ го одбележа патрониот празник – се отвора паралелка за средно образование

OОМБУ „Лазо Мицев Рале“ го одбележа патрониот празник – се отвора паралелка за средно образование

Градоначалникот Митко Јанчев, секретарот на општината, претседателот на советот и советници, Делегации од ОМБУ „Лазо Мицев Рале“,   денеска положија свежо цвеќе на спомен бистата на патронот. Со тоа почна одбележувањето на патрониот празник на училиштето.

Директорот, Златко Јованов се осврна на досега сработеното и најави дека добиена е согласност за отворање на паралелка за средно образование.

Градоначалникот Митко Јанчев честитајќи го патрониот празник нагласи дека музичкото училиште во Кавадарци е расадник на млади таленти и е од големо значење за општината. Најави дека од мај ќе започне уписот на ученици за средно музичко образование во новата паралелка што ќе се отвори.

На денешното одбележување на патрониот празник беа прогласени и учениците првенци на генерација. Од класата по пијано кај професор Весна Павлова првенец на генерацијата е Иван Стојанов. Од класа балет кај проф. Билјана Грозданова првенец е Тијана Спанџова. Костадин Мишев е ученик првенец на геренација од класата по традициски инструменти кај проф. Горан Јанев, Стеван Мустеников во класата по хармоника кај проф. Стеван Волчев, Илина Бошева од класата пијано кај проф. Ѕвонко Богев и Бени Шаќири првенец на генерација од класата по кларинет кај проф. Александар Ангелов. За 10 години работен стаж во училиштето беа наградени педагог Јасминка Кузманов и професорот по кларинет Лазар Соколов.

Беше изведена и кратка музичка програма од учениците.