Врз основа на член 2 став 1 точка 4 алинеја 2, член 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 46, 47, 48 и член 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ“ бр.78/15, бр.106/15, бр.153/15, бр.190/16 и бр.21/18), Одлука за продажба на движни ствари – моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2175/25 од 24.04.2018 година донесена од Советот на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.11/18), и Извештај за извршена процена за утврдување на пазарна вредност на транспортни средства бр.13-1404/2 од 05.04.2018 година изработен од ДТЛППУТ„Оптима Логистик АГ“ ДООЕЛ Кавадарци, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци објавува:
ОБЈАВА бр.3/2018
За продажба на движни ствари – патнички моторни возила по пат на електронско јавно наддавање
(Прва објава)
1. ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА СО ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на оваа објава со електронско јавно наддавање е продажба на движни ствари – патнички моторни возила сопственост на Општина Кавадарци, кои се продаваат согласно Одлука за продажба на движни ствари – моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2175/25 од 24.04.2018 година донесена од Советот на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.11/18).
2. ПОДАТОЦИ ЗА ПАТНИЧКИТЕ МОТОРНИ ВОЗИЛА КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА, ПОЧЕТНАТА ЦЕНА НА ВОЗИЛАТА, БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА, МИНИМАЛЕН ЧЕКОР, ВРЕМЕ НА ПОЧЕТОК НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Податоци за возилото | Проценета почетна цена | Банкарска гаранција | Минимален чекор | Час / почеток | |
1. | Моторно возило марка AUDI A4– Регистарски број: VЕ-988-KN;
– Прва регистрација: 31.10.2003 година; – Година на производство: 1995; – Вид на возило: PATNICKO; – Марка и Тип: AUDI A4; – Број на шасијата: WAUZZZ8DZTA108455; – Број на мотор: ADP080328; – Места за седење: 5 – Сила и работна зафатнина на моторот: 74KW/ 1596cm3; – Боја: t.crvena 77.
|
86.339,00 денари | 1.727,00 денари | Без ограничување | 10:00 часот |
2. | Моторно возило марка FIAT 323 LINEA – Регистарски број: KA-0638-AB;
– Прва регистрација: 17.05.2012 година; – Година на производство: 2011; – Вид на возило: PATNICKO; – Марка и Тип: FIAT 323 LINEA; – Број на шасија: ZFA32300003124706; – Број на мотор: 3884212; – Mеста за седење: 5; – Сила и работна зафатнина на моторот: 66KW; – Боја: CRVENA MET |
279.726,00 денари | 5.595,00денари | Без ограничување | 10:30 часот |
Почетната цена на движната ствар е проценетата вредност на истата наведена во табеларниот приказ за секое патничко моторно возило.
Цената за продажба на движните ствари е утврдена согласно Извештај за извршена процена за утврдување на пазарна вредност на транспортни средства бр.13-1404/2 од 05.04.2018 година изработен од ДТЛППУТ„Оптима Логистик АГ“ ДООЕЛ Кавадарци.
3. ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Електронското јавно наддавање ќе се одржи на ден 15.08. 2018 година (Среда) со почеток од 10:00 часот.
Електронското јавно наддавање ќе се одржи на следната интернет страница www. e-stvari.mk.
4. ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на електронското јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на движните ствари на територијата на Република Македонија согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.
Заинтересираните лица можат да учествуваат за едно или повеќе возила со поднесување на Пријава за учество поединечно за секое возило.
Увид на движните ствари – возила кои се предмет на елктронското јавно наддавање заинтересираните субјекти ќе може да извршат секој работен ден во рокот од точка 6 од огласот, во периодот од 10 до 16 часот лица за контакт Драган Рамов 072/307-241 и Ристе Спанџов 078/280-927.
5. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Заинтересираните правни и физички лица електронски поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање, која треба да ги содржи сите податоци и докази утврдени во објавата. (За да може да поднесе пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната www.e-stvari.mk). Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени електронски јавни наддавања спроведени преку овој систем за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка – од учество во постапка која ја спроведувала било која општина).
Доказите кои е потребно да се достават кон пријавата за електронското јавно наддавање, регистрираното лице е должно да ги прикачи во системот во скенирана копија на оригиналот во PDF формат, и тоа:
1. Изјава за прифаќање на условите што се дадени во Објавата;
2. Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2 % од проценетата вредност на движната ствар, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски, банкарската гаранција за сериозност на понудата треба во писмена форма (во оригинал) да се достави на адреса – Општина Кавадарци ул.„Плоштад Маршал Тито“бб Кавадарци за Комисија за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци. Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма до комисијата ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.
3. Доказ за идентитет за правни лица;
– тековна состојба од Централен регистар на Р.М. – не постара од шест месеци (за домашни правни лица);
– извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски правни лица);
4. Доказ за идентитет на физички лица:
– копија од лична карта или патна исправа;
5. Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната www.e-stvari.mk на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.
Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат.
6. РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Рокот за поднесување на пријава за учество на јавното наддавање е 30 дена од денот на објавување на објавата, заклучно со 11.08.2018 година (Сабота).
7. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА
Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.
Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да биде со рок до 15.09.2018 година.
8. ПОСТАПКА
Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на возилото и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по Објавата се пријавил само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Објавата и ја наддаде почетната цена.
Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат односно зголемуваат цената на возилото. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено, се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.
Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на движната ствар се намалува за 2% од проценетата вредност по што учесниците на јавното наддавање повторно имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на возилото без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на движната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.
Намалувањето на вредноста на недвижната ствар во текот на наддавањето, може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.
За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на движната ствар.
Комисијата по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.
Учесниците имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со Решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот.
Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена за возилото на сметка на Општина Кавадарци, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните движни ствари.
Со најповолниот понудувач, во рок од 15 работни дена по извршената уплата на цената на возилото, се склучува Договор за продажба на движните ствари. Договорот во рок од 30 дена купувачот го доставува кај нотар заради заверување на истиот. Обврската за трошоци за заверка на Договорот паѓаат на товар на купувачот.
Оваа објава ќе биде објавена на web страната на Општина Кавадарци.
Комисија за недвижни и движни ствари
сопственост на Општина Кавадарци
Претседател Славица Игнатовска
Член Ѓоко Камчев
Член КристинаЧејкова