Општина Кавадарци го обнови застарениот возен парк, со отуѓување на возила со минимална старост од 7 и повеќе години, како и за набавка на нови возила.
После спроведена тендарска постапка набавени се три возила: Фабиа, Рапид и Октавиа од Марката Шкода. Возилата се со бензински и дизел мотори од последната генерација Еко Тек со ниско ниво на загадување и мала потрошувачка на гориво.
Иницијативата за обновување на возниот парк е на градоначалникот м-р Митко Јанчев кој согласно изборното ветување пред граѓаните, за службени потреби користи сопствено возило, а новите возила ќе бидат на располагање на службите, како и на советот.
Општината исто така набави и три мопеди кои се користат во секојдневното работење на службата „Мој општинар“.
Обновениот возен парк ќе овозможи економичност и заштеда на гориво, поефикасна работа на општинската администрација, како и зголемена безбедност при извршувањето на секојдневните обврски во функција на граѓаните.