ОБНОВЕНИ 240 МЕТРИ ОШТЕТЕН АСФАЛТ ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ КАВАДАРЦИ-МУШОВ ГРОБ

ОБНОВЕНИ 240 МЕТРИ ОШТЕТЕН АСФАЛТ ОД РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ КАВАДАРЦИ-МУШОВ ГРОБ

Општина Кавадарци во соработка со Јавното претпријатие за патишта „Македонија пат“ реализираа проект за обновување на оштетена делница од регионалниот пат Кавадарци-Мушов гроб.

Механизацијата на „Македонија пат“ подружница Велес изврши асфалтирање на  240 метри од нај оштетената делница кај ромската населба над селото Ваташа.

Регионалниот пат Кавадарци-Мушов гроб е витална сообраќајница која интензивно ја користат повеќе стопански субјекти, како и кавадарчани за пристап до населените места од поранешната Општина Конопиште.

Со оваа интервенција се подобрува безбедноста на регионалниот пат кој води кон Моклиште, висорамнината Витачево и селата од под кожувието.