ОДБЕЛЕЖАН „ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ“

ОДБЕЛЕЖАН „ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ“

Во присуство на градоначалникот Митко Јанчев, членови на Советот на општината, претставнци на јавниот живот и на граѓани, на паркингот кај спортската сала „Јасмин“ беше изведена демонстрација на моменталана моќ на Противпожарната единица од Кавадарци, како дел од одбележувањето на „Денот на пожарникарите“.

Свеченоста започна со дефиле на расположивите противпожарни возила низ централните улици, а продолжи со демонстрација на показни вежби со кои се симулираше: инервенција на извлекување на човек од возило во сообраќајна несреќа како и класично гаснење на пожар на височини. На тој начин во јавноста беше претставена територијаланата единица за противпожарна заштита Кавадарци, која со доаѓањето на градоначалникот г. Митко Јанчев на чело на Општината беше целосно обновена.

Во изјава  градоначалникот Јанчев ги потенцираше преземените зафати во изминзтиот период со кои ПП единицата се комплетиташе, како кадровски така и материјално-технички. Најпрвин се реновираа постојните простории на зградата на Пожарниот дом, потоа на конкурс на работа се примени 16 нови пожарникари, со што се комплетира кадровскиот потенцијал кој сега изнесува 26 вработени пожарникари. По пат на донација се обезбедија неколку специјализирани возила, а набавена е и опрема за интервенции.

Со овие потези територијалната ПП единица од Кавадарци е целосно обновена и подготвена за дејствување на терен во функција на заштита на материјалните добра и на граѓаните.