Општина Кавадарци во рамките на програмата одбележа 27 години од загинувањето на војникот Петре Тодоровски во немирите во Словенија во виорната 91 година кога се распаѓаше СФР Југославија.
По тој повод делегација од кабинетот на градоначалникот, од советот на општината како и претставници од сојузот на борци Кавадарци, во присуство на семејството, пред неговиот гроб положија букети свежо цвеќе.
Кавадарчаните Петре Тодоровски, Сашко Гешовски, Мишко Митрев, пред 27 години во 1991 година кога започна да се распаѓа поранешна Југославија, се најдоа во хаосот, како и многу други, македонски момчиња, чија младост штотуку започнуваше, а згасна прерано.
Тодоровски беше убиен на стражарското место во касарна во Љубљана.