Општина Кавадарци денеска ги доби решенијата за два инфраструктурни проекти кои ќе ги реализира секторот за локален економски развој, а се подржани од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој.
Со цел подорување на животот во руралните средини беше прифатен од Агенцијата проектот за урбанизација на седум села во општина Кавадарци. За овој проект општината ќе добие околу 9 милиони денари, а вториот проект кој исто така беше прифатен од Агенцијата е за подобрување на патната инфраструктура во руралните средини.
Имено овој проект ја опфаќа реконструкцијата на патот Крњево-Бохула во должина од 5 километри. Овој проект Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој го подржува со близу 20 милиони денари.
Општина Кавадарци за селото Бохула претходно доби и проект за изградба на канализација, исто така во насока на руралниот развој и подобрување на условите за живот во селата.