Општина Кавадарци и годинава од буџетот издвои финансии за набавка на 5 нови автоматизирани колички за лица со попреченост. Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Советот Ристо Сакалиев им ги предадоа количките во сопственост на идните корисници.
Петмина кавадарчани кои се соочуваат со физички хендикеп ќе можат полесно да ги извршуваат своите секојдневни активности.
Вредноста на автоматизираните колички е 375.000 денари. Истите се обезбедени во претходна соработка и препорака на Здружнието „Мобилност“ кое ги има сите податоци за лица со хендикеп.
Градоначалникот Митко Јанчев при предавањето на донацијата нагласи дека општината активно работи и за олеснување на секојдневниот живот на лицата со инвалидитет.
Претседателот на здружението „Мобилност“ од Кавадарци, Михајло Михаилов се заблагодари за донацијата како и за перманентните напори на општината за подобрување на условите за движење во градот на ова категорија наши сограѓани.
Од името на здружението „Мобилност“ Михаилов на градоначалникот Јанчев му предаде благодарница.