ОПШТИНАТА СО НИЗА НАСТАНИ ЌЕ ЈА ДОЧЕКАНОВАТА 2018 ГОДИНА

ОПШТИНАТА СО НИЗА НАСТАНИ ЌЕ ЈА ДОЧЕКАНОВАТА 2018 ГОДИНА

Кавадарци се подготвува за дочекот на новата година. Централното градско подрачје е во новогодишен амбиент. Општината годинава за прв пат постави новогодишни светилки и во центарот на селото Ваташа. Покрај украсувањето на централното градско подрачје, годинава за прослава на новогодишните празници се издвоени 803.527 денари.

Според програмата, предновогодишното одбележување ќе започне на 26 декември кога градоначалникот Митко Јанчев и Дедо Мраз ќе им поделат новогодишни пакетчиња на децата од прво до петто одделение во основните училишта „Тошо Велков-Пепето“ и  „Гоце Делчев“. На 27 декември за учениците од училиштата „Страшо Пинџур“ и„Тоде Хаџи-Тефов“, а на 28 декември пакетчиња ќе добијат и децата од училиштата „Димката Ангелов-Габерот“ с.Вататша и од Кавадарци. Новогодишни пакетчиња општината обезбедии за децата од социјално загрозените семејства кои не посетуваат настава, децата од специјалната паралелка, децата кои се на болничко лекување, здружението на слепи лица и други загрозени семејства.

За најмладите во Домот на културата предвидена е и новогодишна детска претстава во изведба на актерите од кавадараечкиот театар за која  годинава влезот ќе биде бесплатен.

Локалната самоуправа  годинава на градскиот плоштад  подготвува дочек на Ниовата 2018 година. Сите кои ќе се решат најлудата ноќ од годината да ја поминат на градскиот плоштад, ќе можат да уживаат во настапите на кавадаречките музичари, групи и виџеи. Програмата ќе ја води кавадараречкиот актер Диме Коцевским а во музичкиот дел напрограмата ќе настапт домашните: Александра Михова, DJ Face, и рок составите Трилоџи, Лексикон и Бадасал.

Во новогодишаната програма е вклучен и традиционалниот божичен концерт на основното музичко и балетско училиште „Лазо Мицев Рале“ кој ќе се оддржи на 8 јануари.