ОРГАНИЗИРАН ДОЧЕК НА НОВАТА 2016 НА ПЛОШТАДОТ

ОРГАНИЗИРАН ДОЧЕК НА НОВАТА 2016 НА ПЛОШТАДОТ

Градот е во празнично новогодишно руво. Деновиве на градскиот плоштад се одвиваа активности со кои Општината и основните училиште ја испраќаат 2015 година. Традиционално и годинава ќе има организиран дочек на градскиот плоштад. Новогодишната програма  започнува вечерва од 22:00 часот. Кавадарчани ќе ги забавуваат рекомираниот фолк интерпретатор Блажо Богев, а по него со своја програма ќе настапат поп пеачите Дани  и Влатко Лозаноски. Доаѓањето на новата година ќе биде најавено со спектакуларен огномет, а првата честитка до жителите на општината на полноќ ќе ја испрати градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

На новогодишната забава и претходат и други културни настани,  по повод новогодишните празници. Основните училуишта од градот имаа свои получасовни настапи на градскиот плоштад во терминот од 12 до 13 часоот,  а половина час пред тоа Дедо Марз на учениците од прво до петто одделение им делеше новогодишни пакетчиња подарок од Градоначалникот и Советот на Општината Кавадарци.

Годинава општината издвои 20 илјади евра за новогодишни светлечки украси кои се поставени во центарот на градот,  долж улицата „Илинденска“ и на кружниот тек.