Министерството за финансии-Управа за имотно правни во трекот на месец март 2015 година ќе ја спроведува акцијата „Отворено со управат за имотно правни работи“. Акцијата се реализира во рпосториите на подрачните одделенија на управат ширим Македонија. Заинтересираните странки се примаат во времето од 08:30 до 17:30 часот согласно однапред утврдениот распоред.
Ваква акција се организираше во општината Кавадарци, каде денеска престојуваше стручна екипа од Ѕправата за имотно правни работи на чело со директорот Зоран Крстаноски.
На заинтересираните кавадарчани тие им беа на располагање со нивните знаења и искуства. За целта на акцијата на Министерството за финансии и Управата нејзиниот директор Крстаноски изјави: „На овој начин сакламе да им излеземе во пресрет на граѓаните преку непосредна комуникација со нашите тимови, да добијат стручна помош за решавање на нивните проблеми од имотно правен карактер. Со општината Кавадарц имаме извонредна соработка по сите основи кои не поврзуваат,а тоа е од взаемна корист, пред се на граѓаните.
Директорот Крстаноски оствари и работна средба со градоначалникот на општината Александар панов, при што во неговиот кабинет ја оценија досегашната соработка и разговараа за наредните проекти.
Градоначалникот Панов во изјавата соопшти дека општината би тој се презадоволни од досегашната соработка со подрачната канцеларија со која физички ја дела и зградата на општината. Но пред се најзначајно е тоа што ние како општинскас администарција постојани излегуваме во пресрет со нашиот стручен кадар и опрема, а таков беше случајопт и при организирањето на средби со граѓаните, како и излегувањето нантерен на самото место на имотите чи треба да се опфатат при изградбата на ескпресниот пат Градско – Прилеп којво голем дел од својата траса минува низ територијата на општината Кавадарци, а сопствениците на имотите кои се експроприираат се наши граѓани“.
Десетици граѓани во рамките на отворениот ден имаа можност во просториите на регионалната канцеларија Кавадарци да ги изложат своите проблеми и да добијат корисен бесплатен и стручен совет за прашањата кои ги мачат околу нивните имотно правни работи.