Механизацијата и работниците на фирмата „Павер трејд“ од Кавадарци работата на поплочување на тротоар на булеварот „Моша Пијаде“. Станува збор за делница од спојот на булеварот со улицата „Индистриска“ па до спојот со „Западен булевар“ кај новиот кружен тек.
По оформувањето на тротоарот со поставување на рабници во должина од 140 метри, целата траса беше тампонирана. Ќе следи поставување на павер елементи на површина од 300 м2. За оваа намена се инвестирани 380.000 денари од општинскиот буџет.
Со изградбата на овој тротоар општината ќе создаде побезбедни услови за движење на пешаците кој го гористат овј простор што гравитира кон поголемо индустриско и населено подраќје од градот.