Непрекинатата комунална изградба во општина Кавадарци се одвива и во Месните заедници.
Деновиве оперативата на кавадаречката фирма „Павер трејд“ работи на полочување во селото Возарци.
На барање на жителите од селото, општината излезе во пресрет и како приоритет спроведе проект за поплочување на дел од улица, како и на патека до дворот на училиштето.
Во долниот дел од селото под регионалниот пат кон Прилеп се изврши поплочување на површина од 320м2 како дел од последната селска улица покрај десниот брег на Црна Река.
Со бекатон коцки беа покриени и 40м2, пешачка патека на источната страна од спортскиот терен во дворот на подрачното училиште во селото Возарци.
За реализација на овој проект општината инвестираше парите од сметката на буџетот наменети за комунална изградба.