Согласно програмата за комунална изградба Општина Кавадарци го реализираше проектот „Пешачки мост на улицата „Шишка“.
Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“ која согласно проектот изработи метална конструкција со скали и безбедносна ограда.
Мостот е лоциран над улицата „Шишка“ во правец исток-запад, веднаш над Основен суд Кавадарци. Намената му е исклучиво за пешаци, пред се за учениците од населбата „Голи оток“ кои учат во ООУ „Тошо Велков-Пепето“.
На источната стран ја спојува улицата „Вардарска“ со улицата „Нов Белград“ на запад, поточно со скалите кај основниот суд.
Конструкцијата е висока 4 метри и 80 сантиметри, долг е 21 метар, а широчината му изнесува 1,50 метри.
Со овој проек општината реализира едно долгогодишно барање на жителите. За неговата изградба се наменети 700.000 денари.