Екипата на специјализираната фирма „Виа сигнал“ од Скопје работи на поставување на вертикалната сообраќајна сигнализација на новиот кружен тек на улицата „Блажо Алексов“.
Согласно проектот се поставуваат 20 сообраќајни знаци и 14 столбови. Со нивното поставување новиот кружен тек ќе биде целосно означен со вертикална и хоризонтална сигнализација.
Во склоп на оваа кампања за ревитрализација и подобрување на сообраќајната сигнализација, општина Кавадарци освен на новиот кружен тек ќе постави знаци и на булеварите „Никола Минчев“ и „Македонија“, а ќе се подобри сообраќајната сигнализација и на неколку улици во градот.
Согласно јавната набавка за оваа намена општината издвојува 221.371 денари, со кои се набавени 84 сообраќајни знаци и 4 сверни огледала.