Општината продолжува со реализација на проектот од комуналната изградба кој се однесува на санација на тротоарот од улицата „Страшо Пинџур“.
Оперативата на фирмата „Павер трејд“ деновиве работи на прередување на плочките на делот од тротоарот помеѓу првиот триаголник и спојот со улицата „Ило Костов“.
Притоа оштетените плочки се отстрануваат, а здравите се вградуваат во санираниот тортоар. На местото на оштетените плочки се поставуваат сочувани исти такви кои беа извадени при неодамнешните активност од реконструкцијата на тротоарот кај спојот на улиците „Тиквешко востание“ и ул. „Миле В‘чков“, каде беа поставени бекатон коцки.