Презентација на проектот „Купи куќа за млади“ денеска во општина Кавадарци

Презентација на проектот „Купи куќа за млади“ денеска во општина Кавадарци

Општина Кавадарци информира дека денес во 16:00 часот во Големата сала на Општината ќе биде извршена презентација на проектот „Купи куќа за млади“.

По тој повод се покануваат сите заинтересирани млади брачни двојки или поединци на возраст до 35 години да присуствуваат на презентацијата на овој проект на Владата на Република Македонија.

Инаку сите оние кои ќе се вклучат во оваа мерка на Владата преку проектот „Купи куќа за млади“, младите до 35 години можат да добијат до 33.000 евра субвенции – неповратни средства од Владата за купување, изградба или надградба на куќа.

Примањата треба да бидат до 900 евра за поединец или вкупен приход на брачните другари до 1300 евра. Најголем дел од популацијата во Македонија влегува во категоријата која може да се јави како баратели.

Младите можат да бираат еден од двата модела кои им се на располагање – „Субвенција на месечната рата“ или „Субвенција на учеството“.

Преку првиот модел – „Субвенција на месечна рата“ Владата во тек на 11 години отплаќа дел од ратата за кредит за куќа и тоа првите 8 години 80% од ратата (главнина и камата) и следните три години (9-та, 10-та и 11-та) 50% од ратата. Пресметките покажуваат дека граѓаните кои ќе го искористат овој модел можат да добијат и до 33.000 евра неповратни средства за купување изградба или надградба на куќа, информираат од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.