Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов организираше прием за дел од членовите на македонската јуниорска карате репрезентација кои на неодамна одржаната Балканијада во Белград ги освоиа златниот во женска и бронзенеиот медал во машка конкуренција.
Станува збор за трофејниот женски ката тим на карате клубот „Урбан Инвест“ во состав Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска. Тие се новите балкански шампиони, откако како македонски репрезентативки на доминантен начин славеа во својата класа на Балканското првенство за наптреварувачи од 11 до 14 години. Покрај „златниот“ женски ката тим, гости на градоначалникот беа и, машките од ката тимот 11/12 години во состав Петар Аврамов, Никита Николоски и Лазар Стоев кои го освоија бронзениот медал во малото финале за 3 место на првенството.
Градоначалникот Панов уште еднаш им честиташе на големиот успех, притоа потенцирајќи дека овие млади спортисти на најубав начин возвраќаат за вложените средства како од општината така и од спонзорот.
Тренерот на клубот Ивана Аврамова рече дека оваа генерација од година во година го потврдува својот талент и полека созрева со цел наскоро да биде репрезент на македонскиот карате спорт во светот.
Претставникот на спонзорото „Урбан инвест“, директорот Александар Сеизов подвлеќе дека тие како компанија се горди на каратистите кои со резултатите ги потврдуваат нивните вложувања.