Градежната фирма „Урбан инвест“од Кавадарци деновиве интензивно работи на реконструкција и санација на тротоарите од улицата „Страшо Пинџур“.
Станува зборза градежни работи финансирани од програмата за комунална изградба на Општина Кавадрци со кои на потргот од „Вториот триаголник“ до зградите „Силекс“ целосно се санираат оштетувањата на стариот тротоар.
Паралелно со тоа се поставуваат и бели метални столбчињана од двете страни од улицата чија цел е да обезбедат побезбедно движење на пешаците по оваа фрекфентна улица, а пред се да го запрат и непрописното паркрање на возила и механизација на тротоарите.
Сега пешачкиот сообраќај на оваа делница од Кавадарци кон Ваташа се одвива многу побезбедно.