На срединато од летото општината Кавадарци согласно програмата за комунална изградба 2013 година вложи 500.000 денари во реконструкција и адаптација на локалниот патен правец кон селото Галиште. Оперативата на кавадаречката фирма „Градба промет“ ги заврши работите на овој локален пат во вкупна должина од 19,5 километри. Станува збор за земјен пат кој ги поврзува селата Ќесендре и Галиште каде се работеше на пробивање на целосно нова траса во должина од 4,5 километри, како и на расчистување и реконструкција на останатите 15 километри.
Со овој зафат општината за прв пат го стави во употреблива состојба овој пат кој досега беше користен од жителите на овие села кои мораа до таму да патуваат по многу тешки услови, само содобиток, трактори а најхрабрите и со џипови. По извршените зафати патот од Кавадрци до селото Галиште е целосно употреблив за џипови,трактори и товарни возила. Вкупната широчина на патот е 5,5 метри што е согласно нормите за локални патишта. Во истовреме се интервенираше и на локалниот пат Раец-Ќесендре каде беа изведени работи на расчистување на вегетацијата како и санирање на критичните места.