Организационата единица паркови и зеленило при Јавното претпријатие „Комуналец“ работи на хортикултурно уредување на дел од зелените површини во Кавадарци.
Во оваа пролетна кампања на разубавување се вклучени три локации: жардинерите пред старата стоковна куќа во центарот, кружниот тек кај автобуската станица, како и зелените површини во паркот на револуцијата.
ЈП „Комуналец“ на овие три локации ќе засади 2 500 корени на темјанушки (љубичици), кои ќе го култивираат и разубават овој дел на градот.